+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Казнената камата за долг во денари во периодот од 01.07.2018 до 31.12.2018 година е намалена како резултат на намалување на референтната стапка од 3,25% на 3,00%

jumbo-cds-1-1024x640Од страна на НБРМ со Одлука број 02-22066/1 од 27 Јуни 2018 година објавена е референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.07.2018 година до 31.12.2018 година.

Согласно претходно наведената Одлука на НБРМ референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 1 Јули 2018 година до 31 Декември 2018 година изнесува 3,00%. Со кликнување во продолжение на преземи може да ја симнете Одлуката на НБРМ.

Објава на НБРМ број 02-22066/1 од 27 Јуни 2018 година (ПРЕЗЕМИ)

ЗА ДОЛГ ВО ДЕНАРИ врз основа на наведеното казнената камата во периодот од 1 Јули до 31 Декември 2018 година изнесува:

  • во облигационите односи помеѓу правни лица стапката е 13,00%
  • во облигационите односи од кои барем едно лице е физичко лице стапката е 11,00%.

ЗА ДОЛГ ИЗРАЗЕН ИЛИ ОПРЕДЕЛЕН ВО СТРАНСКА ВАЛУТА едномесечната стапка на Еуробор за евра која преставува референтна стапка за утврдување на казнената камата изнесува – 0,370%.

Врз основа на наведеното стапката на казнена камата за долг изразен или определен во странска валута во периодот од 1 Јули до 31 Декември 2018 година изнесува:

  • во облигационите односи помеѓу правните лица стапката е 9,630%
  • во облигационите односи од кои барем едно лице е физичко лице стапката е 7,630%

Подетално за начинот на пресметка на казнената камата прочитајте во Написот Пресметка на казнена (затезна) камата до 31 Декември 2018 година кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи

МСФИ е Напис: Пресметка на казнена (затезна) камата до 31 Декември 2018 година (ПРЕЗЕМИ)

  • Објавено на: 02/07/2018
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.