+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Јавен повик за издавање лиценца на правни лица за вршење сметководствени работи во согласност со Закон

569585164bf57f8a1e8703b19497bdbc_xlИнститутот на сметководители и овластени сметководители согласно Законот за вршење сметководствени работи и Статутот објавува повик за доставување документација за стекнување со лиценца и упис во регистрите за работа на трговец поединец-сметководител, трговец поединец-овластен сметководител и друштво за вршење сметководствени работи.

Сите правни лица кои имаат вработено овластени сметководители и сметководители кои се запишани во соодветните регистри за физички лица можат да достават документација за стекнување со лиценца и упис во регистар до Институтот, како би можеле да вршат дејност во согласност со Законот.

За стекнување лиценца за работа до Институтот се поднесува:

барање на пропишан образец, достапен на веб страницата на Институтот и на Министерството за финансии за стекнување лиценца за правни лица заверено од страна на правното лице
барање на пропишан образец, достапен на веб страницата на Институтот и на Министерството за финансии за упис во регистар на правни лица заверено од страна на правното лице
Кон барањaта задолжително се приложуваат следните документи:

список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар кај Институтот, заверено од страна на правното лице
доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност (сметководствени работи), и тоа:
а) за трговец поединец-сметководител на износ од минимум 2.000 евра во денарска противвредност по штетен настан,

б) за трговец поединец-овластен сметководител на износ од минимум 5.000 евра во денарска противвредност по штетен настан и

в) за друштво за вршење сметководствени работи на износ од минимум 20.000 евра во денарска противвредност по штетен настан и

доказ за уплатен надоместок (еднократен) за издавање лиценца за работа.
а) за трговецот поединец-сметководител 2.000,00 денари

б) за трговецот поединец-овластен сметководител 3.000,00 денари

в) за друштвото за вршење сметководствени работи 6.000,00 денари

Документите се доставуваат во оригинал или во копија заверена на нотар, во архивата на Институтот.

По службена должност Институтот ги добавува од Централниот регистар на Република Македонија со цел упис во регистар на правните лица:

Решение за упис во Трговскиот регистар кај Централниот регистар на Република Македонија
Потврда од Централен регистар на Република Македонија дека не е евидентиран во Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење на одделна дејност
Потврда од Централниот регистар на Република Македонија дека не е евидентиран во Регистарот на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица кај Централниот регистар на Република Македонија, по службена должност да ги добавува од Централниот регистар на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.

Институт за сметководители и овластени сметководители

Адреса: Ѓуро Стругар бр.5 (зграда Технометал Вардар) кат 1, локал 132/133

Жиро сметка: 380177109305138,

Деподент: Прокредит Банка

 

Барање за добивање лиценца за трговец поединец – сметководител

Барање за добивање лиценца за трговец поединец – овластен сметководител

Барање за добивање лиценца за работа за друштва за вршење сметководствени работи

Барање за упис во Регистарот на трговци поединци – сметководители

Барање за упис во Регистарот на трговци поединци – овластени сметководители

Барање за упис во Регистарот на друштва за вршење сметководствена дејност

  • Објавено на: 06/07/2017
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.