+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Јавен повик на ФЗОМ во врска со електронска здравствена картичка

ФЗОМ ги известува сите големи и средни претпријатија (со вкупен број над 20 лица) дека од 29.04.2013 година постапката за издавање на електронска здравствена картичка (ЕЗК) е олеснета, а со тоа правните лица можат да поднесуваат групни барања и уплати за ЕЗК за сите свои вработени, како и за членовите на нивните семејства.

 

Поради можните несовпаѓања на бројот на вработени лица во евиденцијата на претпријатијата и во евиденцијата на Фондот, ФЗОМ ја олесни постапката со воведување на претходна електронска проверка на валидноста на податоците.

 

  • Чекор 1. Големите и средни претпријатија електронски пополнетото „Групно барање за ЕЗК“ превземено од веб страната на Фондот во делот за електронско здравство (www.fzo.org.mk) го доставува на една од двете е-mail адреси: helpdesk@fzo.org.mk или goranj@fzo.org.mk; (Напомена: Oбразецот „Групно барање за ЕЗК“ може да го преземете подолу во прилог на овој маил со кликнување на преземи).
  • Чекор 2. Претпријатието на истата е-маил адреса добива известување од ФЗОМ за валидноста на доставените податоци.
  1. Доколку податоците се совпаѓаат со евиденцијата во ФЗОМ, тогаш претпријатијата поднесуваат образец ГБК-1 во прилог со испечатеното групно барање за ЕЗК, верификувано од овластено лице и го доставува до подрачната служба на Фондот, заедно со групната уплата за ЕЗК. (Напомена: Oбразецот ГБК-1 може да го преземете подолу во прилог на овој маил со кликнување на преземи)
  2. Доколку податоците не се совпаѓаат, тогаш, во електронското известување од ФЗОМ ќе биде наведено за кои лица постои несовпаѓање и ќе биде наведен начинот како да се надмине истото.
    Исклучок од претходната постапка:
  3. Доколку овластеното лице на претпријатието не е во состојба да гарантира за валидноста на податоците поради (на пр. водење рачни евиденции на вработени, неажурирани податоци за вработени и за нивните членови на семејства, итн), тогаш како и до сега, поднесува ГБК образец со прилог поединечни барања и со пропратна документација (копија од лична карта, согласност за правење на копија на лична карта, извод од матична карта на родени и доказ за извршена уплата на ЕЗК) и ги доставува истите до подрачната служба на Фондот. (Напомена: Oбразецот ГБК заедно со останатите обрасци може да ги преземете подолу во прилог на овој маил со кликнување на преземи)

 

Со оваа последна промена ФЗОМ сака да им излезе во пресрет на големите и средни претпријатија и да ја олесни постапката за поднесување на групни барања за ЕЗК без пропратна документација и поединечни барања (до сега, на пр. едно големо претпријатие со 1000 вработени требаше да поднесе 7500 листа хартија за своите вработени и за членовите на нивните семејства за поднесување и издавање на ЕЗК).

 

Воедно ФЗОМ ги повикува и сите преостанати правни и физички лица кои немаат доставено барање или уплата за издавање на ЕЗК, истото да го направат во најбрз можен рок во подрачните служби на ФЗОМ. Законската регулатива предвидува да сите осигуреници мораат да имаат ЕЗК заклучно со 30 јуни 2013 година.

  • Образец Групно барање за ЕЗК (преземи)
  • Образец ГБК-1 (преземи)
  • Образец ГБК (преземи)
  • Изјава со согласност за правење на копија на лична карта (преземи)
  • Правилник за формата и содржината на картичката за здравствено осигурување и за начинот на нејзиното издавање, водење, користење и доказот за платен придонес за задолжително здравствено осигурување (преземи)

Повеќе информации може да се добијат на бесплатната телефонска линија: 080033222 e-mail: info@fzo.org.mk

  • Објавено на: 28/04/2013
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.