+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Известување од ИСОС: МСФИ Консалтинг доби одобрение за спроведување на КПУ обуки

Согласно соопштението на ИСОС од 30.01.2023 година и МСФИ Консалтинг доби одобрение за спроведување на КПУ обуки. Во продолжение Ви го даваме интегралното соопштение на ИСОС:

https://isos.com.mk/index.php/item/1623-izvestuvanje

Почитувани,

Ве известуваме дека Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија спроведе постапка за утврдување на исполнување на законските критериуми за издавање на одобрение за спроведување на обуки за континуирано професионално усовршување под надзор на Институтот.

Горенаведената постапка го опфати постапувањето по приговорите вложени од  правните лицa на кои им беше издадено Решение, кои беа пристигнати во Институтот заклучно со 25.01.2013 година.

За горенаведеното повторно беше свикана Комисијата за избор на вршител на должност од член 72 од Законот за вршење на сметководствени работи, составена од 5 члена која заедно со ВД Претседателот на Институтот утврди кои од подносителите на приговор ги исполнуваат законските критериуми.

Правните лица на кои им се издава одобрение за спроведување на обуки се:

Друштво за економско-правен консалтинг ПЕКОВИЌ ДООЕЛ Скопје

Друштво за консалтинг услуги ПРО КОНСАЛТИНГ ПРО ДООЕЛ Тетово

МСФИ КОНСАЛТИНГ ЗА СМЕТКОВОДСТВО, ДАНОЧНИ СОВЕТИ И ПЛАНИРАЊЕ ДООЕЛ

Друштво за консалтинг услуги СМЕТКОВОДСТВО ФИНАНСИИ И ДАНОЦИ СФИД ДОО Скопје

Друштво за ревизија и консалтинг ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје

Истакнуваме дека рокот за поднесување приговори се уште не е истечен.

За сите приговори кои ќе бидат поднесени во времетраење на рокот од правната поука, а ќе бидат примени во Институтот по 25.01.20203 година, истите ќе бидат предмет на дополнително разгледување, за што повторно ќе биде свикана горенаведената Комисија.

Со почит,

ИСОС

  • Објавено на: 30/01/2023
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.