+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Известување на УЈП: Вршители на дејност, трговци-поединци кои започнуваат да вршат дејност имаат обврска аконтациите на пдд да ги пресметуваат на основица од 11.598 денари

Со измените и дополнувања во член 97-а став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ”, бр.190/17) пропишано е дека обврзникот кој започнува да врши самостојна дејност месечните аконтации на персоналниот данок на доход за првата година ги плаќа на основица од 50% од просечна нето плата по работник во Република Македонија објавена во Јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.
Самостојните вршители на дејност, трговци поединци кои дејноста отпочнале да ја вршат во 2018 година, имаат обврска аконтациите на персоналниот данок на доход до крајот на годината, да ги пресметуваат и плаќаат на основица од 11.598 денари (50% од 23.196 денари), најдоцна до 15-ти во тековниот за претходниот месец.

Корисни информации:

  • Објавено на: 16/03/2018
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.