+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Известување на УЈП: Продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 до 30 април 2020 година

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи во координација со Министерството за финансии подготви и достави до Владата на Република Северна Македонија предлог Уредби со кои се предвидува продолжување на роковите за поднесување на обрасци и плаќање на даночни обврски.

Согласно ова крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период 01.01.2020-31.03.2020 и даночниот период 01.03.2020-31.03.2020 од 25.04.2020 се продолжува за 5 (пет) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 30.04.2020 година.

  • Објавено на: 23/04/2020
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.