+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Известување на Централниот Регистар за крајниот рок за поднесување на годишната сметка за 2024 година

Во врска со крајниот рок за поднесување на годишната сметка за 2024 година, ЦРМ на својата веб страна го има објавено следното соопштение:

Почитувани

Ги известуваме Трговците поединци и самостојните вршители на дејност (обврзници за поднесување годишни сметки согласно Законот за данок на личен доход) дека Централниот регистар на ден 15.03.2025 година (сабота) ќе работи и ќе врши прием во хартија на годишните сметки за 2024 година во сите регионални и регистрациони канцеларии од 08:00 до 16:00 часот.

Истовремено ги известуваме сите обврзници кои поднесувааат годишни сметки согласно Законот за трговски друштва, дека законскиот рок за поднесување годишна сметка за 2024 година во електронска форма е до 15.03 (сабота) 24:00 часот.

Од 16.03.2025 со годишната сметка треба да се достави и ревизорски извештај со соодветна тарифа.

Со Почит,

Централен регистар

Отвори сопштение на ЦРМ

  • Објавено на: 13/03/2025
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.