+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Известување на ИСОС за почеток на КПУ

Институтот на сметководители и овластени сметководители ги известува физичките лица кои имаат стекнато уверение за сметководител и овластен сметководител и се запишани во Регистарот на Инситутот дека Континуираното професионално усовршување заради надградување на знаењето во областа на сметководството ќе започне од 1 Октомври 2017 година.

Потсетуваме дека согласно член 19 од Законот за вршење на сметководствени работи сметководителите се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 90 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година. Овластените сметководители се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 120 часа за период од три години, при што најмалку 30 часа во текот на една година.

МСФИ Консалтинг како акредитирано друштво за КПУ во интерес на обезбедување на неопходниот број на КПУ часови за 2017 година во текот на месеците Октомври, Ноември и Декември во повеќе градови на Република Македонија ќе организира обуки согласно Програмата за КПУ донесена од Институтот за што навремено ќе Ве известиме.

До колку сте заинтересирани да ги следите обуките кои ќе ги организира МСФИ Консалтинг и за таа цел навремено да бидете известени, Ве молиме да ни доставите податоци за контакт на следниот линк:

Пријава на интерес за посетување на КПУ обуки организирани од МСФИ Консалтинг

Со почит

МСФИ Конаслтинг

  • Објавено на: 15/09/2017
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.