Во Службен весник на РСМ број 206 од 23.09.2022 година објавена е измена на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со која се продолжува рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи. Според Одлуката на Владата оваа мерка ќе се применува до 31 декември 2022 година….
Кориснички дел
- е-Списание МСФИ Советник
- е-Прирачници
- МСФИ е-Написи
- Прашања и одговори
- Модел на испитни прашања
- Податоци за плата и надоместоци
- е-ПДД Данок на личен доход
- МПИН Инструкции
- Дневници за службени патувања
- Уплатни сметки
- Шифри за плаќање
- Казнени камати
- Цени на горива
- МДБ Коефициенти
- SCIBOR и EURIBOR стапки
- Коефициенти за ревалоризација
- Неработни денови – празници
- Корисни информации
- Законска регулатива
- Теркови и темплејти
- МСС / МСФИ Стандарди
- ИСОС
- Годишна сметка 2022 година
- Годишна сметка 2021 година
- Годишна сметка 2020 година
- Годишна сметка 2019 година
- Годишна сметка 2018 година
- Спречување на перење пари
- Заштита на укажувачи
- Заштита на лични податоци

Во Службен весник 202 од 16 септември 2022 година објавена е Одлука за изменување на Одлуката за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник (Одлука за Reverse Charge). Целта на измената е да се разреши проблемот кој постеше во праксата во однос на прометот на изградба на фотонапонски електроцентрали. Имено пред донесување на оваа измена …
Во Службен весник на РСМ број 197 од 9.9.2022 година објавена е Одлука за посебни услови за трговијата на одделна стока која влезе во сила на 9.9.2022 година. Со оваа одлука се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата на пазарот со електрична енергија. Највисоката трговска маржа на електричната енергија за сите трговски друштва и трговци поединци кои вршат трговија на пазарот со електрична енергија на големо и на мало се утврдува во висина најмногу до 10%….
Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец август 2022 година е позитивен и изнесува 10,2%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец август 2022 година која треба да се плати до 15 септември 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година зголемена за 10,2% (АОП 56 од ДБ за 2021 година).
Согласно член 12-а од Законот за данокот на добивка, одделни обврзници на данок на добивка по ДБ за 2021 година се должни за деловните или финансиските трансакции со поврзаните лица кои настанале во 2021 година да достават Извештај до Управата за јавни приходи. Извештајот за трансферни цени треба да се достави најдоцна до 30 Септември 2022 година. На прашањата кои даночните обврзници имаат обврска да достават Извештај за трансферни цени до 30 Септември 2022 година, што преставуваат трансферните цени и каква треба да биде содржината на Извештајот за трансферните цени даваме одговори во Написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи.
Согласно одредбите на член 23 став 1 точка 19 од Законот за ДДВ, меѓународниот превоз на патници е ослободен од ДДВ без право на одбивка на претходниот данок. Во однос на меѓународниот превоз на патници, се наметнува и прашањето за: даночниот третман на посредничките услуги во меѓународниот превоз на патници од аспект на ДДВ.
Во врска со ова прашање, односно во однос на даночниот третман на остварената провизија од продажба на автобуски (железнички) карти за меѓународен превоз на патници се осврнуваме во Написот кој може да ги симнете со кликнување на повеќе…
Во услови на секојдневна и брза комуникација помеѓу вработените во едно друштво употребата на мобилни телефони преставува незаменлив и интегрален дел од комуникациските средства на една компанија. Од тие причини најголем дел на друштвата во Република С. Македонија вршат набавки на мобилни телефони за деловни потреби на друштвото и истите ги даваат на користење на вработените во друштвото. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на повеќе прашања поврзани со сметководствениот и даночниот третман на мобилните телефони како средства и нивното користење од вработените во друштвата…
Согласно одредбите на член 9-а од Законот за ДДВ, како еден даночен обврзник за цели на ДДВ можат да бидат повеќе лица регистрирани за данок на додадена вредност, кои така (доброволно) ќе одлучат заради нивната сопственичка, организациска или управувачка поврзаност. Исто така согласно одредбите на член 9-а став 2 од Законот за ДДВ, УЈП, во услови на постоење на сопственичка, организациска или управувачка поврзаност меѓу одделни даночни обврзници, може службенo да наложи истите да се регистрираат како еден ДДВ обврзник, доколку кај овие лица утврди нарушување на даночните принципи или можност за нивно нарушување. Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на нормативниот, даночниот и сметководствениот третман на поврзните лица за целите на ДДВ.
- Мислења на УЈП
- е-Списание МСФИ Советник
- е-Прирачници
- МСФИ е-Написи
- Прашања и одговори
- Модел на испитни прашања
- Податоци за плата и надоместоци
- е-ПДД Данок на личен доход
- МПИН Инструкции
- Дневници за службени патувања
- Уплатни сметки
- Шифри за плаќање
- Казнени камати
- Цени на горива
- МДБ Коефициенти
- SCIBOR и EURIBOR стапки
- Коефициенти за ревалоризација
- Неработни денови – празници
- Корисни информации
- Законска регулатива
- Теркови и темплејти
- МСС / МСФИ Стандарди
- Овластен сметководител
- Годишна сметка 2022 година
- Годишна сметка 2021 година
- Годишна сметка 2020 година
- Годишна сметка 2019 година
- Годишна сметка 2018 година
- Спречување на перење пари
- Заштита на укажувачи
- Заштита на лични податоци