+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Спортисти, согласно член 30 од Законот за спорт, се: спортисти од сите возрасти кои учествуваат во спортски активности и сите учесници во спортско – рекреативните активности. Член 31 од Законот за спорт дефинира дека спортските активности се извршуваат професионално и аматерски. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на даночниот третман на примањата кои ги остваруваат професионалните спортисти и обврската за плаќање на придонес врз основа на инвалидност и телесно оштетување за спортистите аматери….

Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец октомври 2023 е позитивен и изнесува 6,7%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец октомври 2023 година која треба да се плати до 15 ноември 2023 година…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе низ примери се осврнуваме на даночниот и сметководствениот третман на авансите во редовниот промет на добра и услуги и на авансите во услови на Reverse Charge при примена на член 32-а од Законот за ДДВ. Исто така даваме одговори и на прашањето Што ако по дадениот аванс и добиената авансна фактура никогаш не настане конечна испорака на добра или услуги ?

Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи низ повеќе примери се осврнуваме на измените во член 19 од Законот за ДДВ во делот кој се однесува на дефинирање на тоа што преставува даночна основа за целите на ДДВ на прометот остварен од увезени употребувани патнички моторни возила…

Во Службен весник на РСМ број 227 од 27 октомври 2023 објавена е Измена на Одлуката за гарантирани цени („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.195/23, 202/23 и 203/23). Со измената се пропишува дека трговците за вршење дејност трговија на мало можат да нудат акциска продажба (акција) за намалување на гарантираната цена на производите/стоките од Одлуката. Исто така со измената на Одлуката, нејзината примена е продолжена за еден месец, односно Одлуката наместо до 30 ноември ќе се применува до 31 декември 2023 година.

Во текот на изминатата недела повеќе физички лица на нивните маил адреси беа известени од страна на УЈП дека врз основа на обработените податоци со кои располага даночната управа (обработените годишни даночни пријави ДЛД-ГДП) било утврдено дека во текот на 2022 година оствариле приходи над 2.000.000 и истите се повикани до 31 октомври 2023 година да достават договори и докази за основите по кои се остварени ваквите приходи. Ваквите активности на УЈП повторно го актуелизираат прашањето за физичките лица во системот на ДДВ на што се осврнуваме во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе…

Со оглед на ограничените човечки ресурси кај сметководителите и неработните денови по повод празниците, а со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночните пријави преку системот е- Даноци, Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека Согласно Законот за даночна постапка рокот за поднесување на ДДВ- 04 пријавите се продолжува за еден работен ден. За краен рок за поднесување на ДДВ- 04 пријавата, ќе се смета 26.10.2023 година.

Со кликнување на повеќе може да го преземете ОКТОМВРИСКИОТ број од 2023 година на стручното списание од областа на сметководството, даноците и финансиите МСФИ СОВЕТНИК…

Во продолжение може да ги симнете податоците за плата и надоместоци од работен однос за 2023 година заклучно со периодот октомври 2023 – ноември 2023 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 20.10.2023 година…

На веб страната на Уставниот суд на Република Северна Македонија објавено е соопштение кое се однесува на иницијативите за оценка на уставноста на Законот за данок на солидарност. Во соопштението на Уставниот суд е наведено следното: Поради интерес на јавноста во врска со Законот за данок за солидарност, Уставниот суд информира дека се оформени два предмета по поднесени иницијативи, во кои е оспорен Законот во целина. Oва значи дека Уставниот суд допрва ја почнува постапка и ќе ги испитува наводите во двете иницијативи, предметите се предадени на тимови од судии и советници.

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на нормативниот, даночниот и сметководствениот третман на лон производството. Исто така Ви даваме и пречистен текст на Царинскиот закон, Упатството за увоз за облагородување и прилози кон Упатството за увоз за облагородување….

Во Службен весник на РСМ број 215 од 13 октомври 2023 година објавена е Исправка на Одлуката за изменување на одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност….

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.