+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Премијата за приватно здравствено осигурување за вработени не се оданочува со данок на личен доход и преставува признат трошок за цели на данокот на добивка. Со кликнување на повеќе може да го симнете написот во кој се осврнуваме на даночниот третман на дополнителното (приватно) здравствено осигурување во 2022 година…

Регистрирањето на директните инвестиции во странство од страна на резиденти, како и на директните инвестиции на нерезиденти во Република С. Македонија се врши на обрасците ДИР и ДИН и се спроведува во Централниот регистар на РСМ во рок од 60 дена од денот на склучувањето на капиталната трансакција која е правна основа за стекнување на директната инвестиција. Со кликнување на повеќе може да го преземете Написот во кој подетално се осврнуваме на обврската за упис на директните инвестиции во странство и во земјата…

Согласно Законот за даночна постапка, а поради отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ – 04 пријавата се продолжува. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.10 2022) се продолжува за 3 (три) работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ – 04 пријавите ќе се смета 28.10.2022 година (петок).

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Октомври 2022 – Ноември 2022 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 21.10.2022 година…

Со кликнување на повеќе може да го преземете ОКТОМВРИСКИОТ број од 2022 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе низ повеќе примери се осврнуваме на сметководствениот и даночен третман на изградба на основно средство во сопствена режија со осврт и на изградба на основно средство кое е поддржано со државна поддршка, пренос на залихи на готови производи во основни средства, даночните импликациите при земање на залихи на готови производи и нивно активирање како основни средства, а даваме и одговор на прашањето дали пренесувањето на залихи на готови производи и нивно активирање како основни средства му даваат право на друштвото да ја намали даночната основа по основ на реинвестирана добивка…

Од аспект на данокот на добивка трговско друштво во ликвидација може да биде обврзник на данок на добивка или на данок на вкупен приход. Од аспект на ДДВ битно е да се истакне дека до колку по завршувањето на ликвидацијата на трговското друштво одделен имот преминува во сопственост на членовите, односно сопственикот на друштвото, тогаш во смисла на одредбата на Законот за данок на додадена вредност, постојат оданочиви испораки помеѓу друштвото кое се ликвидира и членови на друштвото како приматели на доброто. Повеќе во однос на сметководствениот и даночниот третман на друштво во ликвидација може да прочитате со кликнување на повеќе…

На 15 октомври 2022 година трговците кои согласно Законот, се должни да вршат наплата на биоразградливите кеси по цена од 15 денари се должни за периодот јули – септември 2022 година да достават евиденција за бројот на продадени кеси за носење на продажно место на образец пропишан со Правилникот заедно со налог од уплатениот надоместок…

Согласно одредбите од член 175 од ЗТД, содружникот нема обврска при основањето на друштво со ограничена одговорност, пред поднесувањето на пријавата за упис на основањето на друштвото во трговскиот регистар за уплаќање на паричниот влог, ниту пак за внесување на непаричниот влог. Тоа содружникот може да го стори во рок од една година од извршениот упис на друштвото во трговскиот регистар. Повеќе во врска со начинот на сметководствено евидентирање на запишаниот а неуплатен капитал при основање на трговско друштво може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи.

Во Службен весник на РСМ број 217 од 7 Октомври 2022 година објавена е измена и дополнување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со наведената измена дополнети се производите на кои е ограничена маржата и со следните производи: урда; кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал; кисело млеко и павлака и јогурт. Највисоката трговска маржа за стоките и на овие млечни производи за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец септември 2022 година е позитивен и изнесува 10,9%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец септември 2022 година која треба да се плати до 15 октомври 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година зголемена за 10,9% (АОП 56 од ДБ за 2021 година).

Во собраниска постапка е Предлог на Закон за измени на Законот за финсиска дисциплина. Со кликнување подолу на повеќе може да го симнете написот во кој подетално ве информираме за овие предложени законски измени на Законот за финансиска дисциплина.

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.