На 27.12.2024 година, во „Службен весник на РСМ“ бр.272, објавен е Законот за измени и дополнувања на Законот за трговските друштва („Службен весник на РСМ“ бр. 28/04…99/22). Со Законот за измени и дополнувања на Законот за трговските друштва се внесени новини со кои се:
- утврдуваат посебни услови во однос на потребното работно искуство и други услови за избор и именување на управител на друштво, независни неизвршни членови во одбор на директори, односно независни членови во надзорeн одбор во друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва, во целосна и доминантна државна сопственост;
- регулира висината на надоместокот на членовите во надзорните органи, во друштвата со доминантна сопственост на државата, како и
- ограничува бројот на членови во надзорни и управни одбори, со цел да се постигне поголема рационализација и намалување на трошоците за работа на овие органи.
За овие измени во Законот за трговски друштва, може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи. Исто така Ви даваме и пречистен текст на Законот за трговските друштва.
- МСФИ Напис: Новини во Законот за трговските друштва (ПРЕЗЕМИ)
- Закон за трговските друштва – пречистен текст: Службен весник на РСМ бр. 28/04…272/24 (ПРЕЗЕМИ)