Бензините од 12 Март 2013 година се поевтини за 1,50 денари, односно за 2 денара за литар, согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ е намален за 1,50 денари и чини 71 денар за литар.
Намалување за 1,50 денари има и кај Екстра лесното масло за домаќинство чија цена изнесува 59,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот е намалена за 0,598 ден/кг и изнесува 43,005 ден/кг.
Корекцијата на цената на нафтените деривати е направена пониската просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.