+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




946883_463778230375064_818137118_n МСФИ КОНСАЛТИНГ, основана во 2012 година, е една од водечките компании за даночен, финансиско-сметководствен и правен консалтинг во Република Македонија, која обезбедува високопрофесионални консалтинг услуги за своите клиенти.   МСФИ КОНСАЛТИНГ на своите клиенти им гарантира услуга со висок квалитет со почитување на правилата за квалитет во обезбедувањето на услугите дефинирани со позитивните законски прописи и строго почитување на етичките правила прецизирани со Етичкиот кодекс на IFAC (Меѓународната федерација на сметководители) објавен во Службен весник на РМ број 79/2010 година.

 

МСФИ КОНСАЛТИНГ гарантира 600662_463778127041741_2107064492_nпрофесионална дискреција и доверба, како и перманентна и ентузијастичка експертска поддршка и посветеност на решавањето на вашите деловни проблеми во најкраток можен рок. МСФИ КОНСАЛТИНГ има изградено искусна и координирана консултантска екипа чиј состав го предводи г-дин Сезаир Реџепагиќ експерт по сметководство и јавните давачки – даноци и Жарко Михајловски овластен ревизор.

 

 

Сезаир Реџепагиќ

Сезаир Реџепагиќ e долгогодишен носител на повеќе јавни функции од областа на даноците и сметководственото работење, изготвувач и консултант во имплементацијата на повеќе даночни прописи во земјата и странство, а особено даночните прописи како што се Законот за данокот на додадена вредност, Законот за данокот на добивка, Законот за персоналниот данок на доход и голем број на други законски и подзаконски прописи од соодветната материја. Автор е и коавтор на голем број на книги и стручни публикации од областа на фискалната политика и даночниот систем, финансиско и управувачко сметководство и економски консултант во компанијата во сферата на даноците, сметководството и финансиите. Долгогодишен предавач и инструктор во имплементацијата на законската регулатива од областа на даноците и сметководството на голем број семинари и работилници.

Жарко Михајловски

Жарко Михајловски е овластен ревизор со лиценца број 11 издадена од Советот за унапредување и надзор на ревизијата, автор на повеќе стручни публикации од областа на фискалната политика и даночниот систем, финансиско и управувачко сметководство, консултант во имплементацијата на Меѓународните Сметководствени Стандарди – МСС и Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување – МСФИ и економски консултант во компанијата во сферата на даноците, сметководството и финансиите. Долгогодишен предавач и инструктор во имплементацијата на законската регулатива од областа на даноците и сметководството на голем број семинари и работилници.

Останатите членови од стручната екипа на МСФИ КОНСАЛТИНГ се врвни професионалци кои имаат огромно искуство од областа на финансиското сметководство, Меѓународните сметководствени стандарди – МСС и Меѓународните Стандарди за Финансиско известување – МСФИ, даноците, финансиите, трговското право, облигациите, работните односи итн.

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.