+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk


МСФИ Советник




Актуелности

МСФИ Напис: Волонтери – право на надомест на трошоците и осигурување од повреда на работа во 2024 година




Согласно член 10 став 2 од Законот, надоместокот на трошоци за храна и трошоци за превоз до и од местото на волонтирање се исплатува најмногу во висина до 15% од просечната месечна плата во Републиката исплатена за претходната година и за 2024 година изнесува 8.237,00 денари (54.916 x 15%). Подетално за даночниот третман на примањата на волонтери како и за обврската за плаќање на придонес врз основа на инвалидност и телесно оштетување во 2024 година Ви даваме во Написот кој може да го симнете се кликнување на повеќе….

Објавено на: 19/04/2024

МСФИ Напис: ДДВ третман на прометот на добра и услуги кон Државната Изборна Комисија за потребите на претседателските и парламентарните избори во РСМ на 24 април и 8 мај 2024 година




Во овој процес на организирање на изборите голем број на домашни компании вршат испорака на добра и обезбедуваат услуги кон Државната изборна комисија (ДИК) која има законска надлежност на организирање на изборите. По однос на наведеното се наметнува следното прашање: Каков е ДДВ третманот на прометот на добра и услуги кон Државната изборна комисија ? По однос на ДДВ треттманот на прометот на добра и услуги кон Државната изборна комисија релевантни се одредбите…

Објавено на: 17/04/2024

Нов заклучок на Владата во однос на деновите кога се организираат претседателските и парламентарните избори на 24 април 2024 година и 8 мај 2024 година




На 16-тата. седница одржана на 16.04.2024 година, Владата донесе заклучок со кој 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат. Оваа Владина одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија….

Објавено на: 17/04/2024

МСФИ Напис: Организиран превоз на вработените до и од работното место (даночен и сметководствен третман во 2024 година)




Согласно член 113 од Законот за работните односи, работодавачот на свој трошок на работниците може да им организира превоз до и од работното место, при што трошоците можат да изнесуваат во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на законските и даночните аспекти на трошоците настанати при организирањето на превозот на вработените до и од работа во 2024 година…

Објавено на: 16/04/2024

Соопштение на Владата на РСМ за деновите кога се организираат претседателските и парламентарните избори на 24 април и 8 мај 2024 година




Владата на Република Северна Македонија, на 14-тата седница одржана на 09.04.2024 година ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за прогласување на 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) за неработни денови, поради распишување на избори за претседател на Република Северна Македонија и избори за пратеници…

Објавено на: 11/04/2024

МСФИ е Напис: Исплата на дивиденда во 2024 година – даночен и сметководствен третман




По годишната сметка за 2023 година некои компании во Република Македонија постигнаа солидни добивки по што сопствениците на тие компании имаат можност на престојните собранија на акционери кај АД или собир на содружници кај ДОО или од страна на единствениот содужник кај ДООЕЛ да донесат одлука за исплата на дивиденда која би била исплатена во 2024 година. Повеќе во однос на сметководствениот и даночниот третман на исплатените дивиденди во 2024 година низ повеќе примери Ви презентираме во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Објавено на: 11/04/2024
danoci-za-koi-ne-ste-slushnale-62626

МСФИ е Вести: Процентот за МДБ за аконтацијата за месец март 2024 година е позитивен и изнесува 1,2%




Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец март 2024 е позитивен и изнесува 1,2%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец март 2024 година која треба да се плати до 15 април 2024 година…

Објавено на: 08/04/2024

МСФИ Напис: Право на паричен надомест за исхрана, превоз и додаток на плата на работник кој работи ноќе во 2024 година




Работникот кој работи ноќе има право и на соодветна храна или надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата по работник исплатена во Република Македонија во претходната година, сразмерно за деновите кога работникот работи ноќе. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на правото на паричен надомест за исхрана, превоз и додаток на плата на работник кој работи ноќе во 2024 година.

Објавено на: 04/04/2024

Објавени Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ) во Службен весник на РСМ број 75 од 3 април 2024 година




Овој Правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно на 4 април 2024 година, a ќе започне да се применува од 1 јануари 2025 година. По исклучок Меѓународниот стандард за финансиско известување 17 Договори за осигурување ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2028 година.

Објавено на: 04/04/2024

МСФИ Напис: Сметководствен и даночен третман на организираната исхрана на вработените во 2024 година




Согласно одредбите на член 113 став 4 и 5 од Законoт за работните односи („Службен весник на РСМ“ бр.62/05…111/23), работодавачот на свој трошок на работниците може да им организира исхрана за време на работа. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на сметководствениот и даночниот третман на овие издатоци (од аспект на ДДВ, данок на добивка и данок на личен доход)…

Објавено на: 02/04/2024

МСФИ Напис: Ангажирање на практиканти во 2024 година согласно Законот за практиканство (законска регулатива, пресметка на социјални придонеси, пополнување на МПИН пријава и даночен третман)




Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој подетално низ примери Ве запознаваме со ангажирањето на практиканти, пресметката на данок на личен доход и придонеси на надоместокот за практиканство и начинот на пополнување на МПИН пријавата во 2024 година. Исто така ви даваме и Терк на Договор за практикантство, Темплејт за пресметка на данок на личен доход и придонеси на надомест за практиканство во 2024 година и Законот за практиканство…

Објавено на: 28/03/2024

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.