Овластен сметководител

Oбјавени подзаконски акти – правилници поврзани со имплементација на законот за вршење на сметководствени работи

Објавено на 20/10/2012 од msfiwebadmin

Врз основа на  Законот  за вршење на сметководствени работи (Службен весник на РМ 95/2012 година) од страна на министерот за финансии донесени се повеќе нови Правилници кои се објавени во „Службен Весник на РМ број 127/12 од 15.10.2012 година. Со наведените подзаконски акти се пропишува формата и содржината на барањата кои се доставуваат до Институтот за сметководители и овластени сметководители и тоа:

 

  • Барање за полагање испит и формата и содржината на уверението за сметководител, односно овластен сметководител
  • Барање за упис во регистарот на сметководители, регистарот на овластени сметководители, регистарот на трговци поединци – сметководители, регистарот на трговци поединци – овластени сметководители и регистарот на друштва за вршење сметководствени работи како и
  • Барање за добивање на лиценца за работа на трговец поединец – сметководител, трговец поединец – овластен сметководител и друштво за вршење на сметководствени работи на РМ

 

Сите подзаконски акти може да ги преземете подолу со кликнување на преземи

 

  1. Правилник за формата и содржината на барањето за полагање испит за стекнување со статус на сметководител или овластен сметководител, како и формата и содржината на уверението за сметководител, односно овластен сметководител (преземи)
  2. Правилник за формата и содржината на барањето за упис во регистарот на сметководители и регистарот на овластени сметководители (преземи)
  3. Правилник за формата и содржината на барањето за упис во регистарот на трговци поединци – сметководители, регистарот на трговци поединци – овластени сметководители и регистарот на друштва за вршење сметководствени работи (преземи)
  4. Правилник за формата и содржината на барањето за добивање лиценца за работа и за формата и содржината на лиценцата за работа на трговец поединец – сметководител, трговец поединец – овластен сметководител и друштво за вршење на сметководствени работи (преземи)

 

На крајот сакаме да Ве информираме дека, согласно сознанијата со кои располагаме, Институтот на сметководители и овластени сметководители до кој се доставуваат пропишаните барања  е во фаза на формирање и се очекува да биде фомиран до крајот на месец Ноември 2012 година за што навремено ќе ве известиме.

Print Friendly
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.