Неработни денови - празници

Државни и верски празници во Македонија во 2012 година

Објавено на 23/10/2012 од msfiwebadmin

Согласно Законот за празници на Република Македонија (Службен весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2012 година неработни денови се:

 

За сите граѓани на РМ

  • 01 Јануари (недела), Нова Година, односно 02 Јануари (понеделник) е неработен ден
  • 07 Јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
  • 16 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 01 Мај ( вторник), Ден на Трудот
  • 24 Мај (четврток), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
  • 02 Август (четврток), Ден на Републиката
  • 19 Август (недела) Рамазан Бајрам,  првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 20 Август(понеделник) е неработен ден
  • 08 Септември (сабота), Ден на независноста
  • 11 Октомври (четврток), Ден на народното востание
  • 23 Октомври (вторник), Ден на Македонската револуционерна борба
  • 08 Декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

*** Напомена: Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

 

За граѓаните од православна вероисповед

  • 06 Јануари (петок), Бадник, ден пред Божик
  • 19 Јануари (четврток), Богојавление (Водици)
  • 13 Април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
  • 01 Јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
  • 28 Август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

 

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 09 Aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
  • 01 Ноември (четврток), Празникот на сите светци
  • 25 Декември (вторник), првиот ден на Божик

 

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

  • 25 Октомври (четврток), Курбан Ба`јрам, првиот ден на Курбан Бајрам

 

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 Ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

 

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 Јануари (петок), Свети Сава

 

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 8 Април (недела), Меѓународен ден на Ромите

 

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  • 23 Мај (среда), Национален ден на Власите

 

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 26 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

 

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 Септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

 

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 Декември (петок), Ден на настава на турски јазик

 

Соопштение неработни денови за 2012 (преземи)

Print Friendly
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.