Актуелности

Бруто плата 2013 – Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

Објавено на 30/01/2013 од msfiwebadmin

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2013 година изнесува 30.595 денари.

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за месец Јануари до Декември 2013 година (согласно член 15 и 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2013 година изнесува 15.298,00 денари (50% од 30.595,00).
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2013 година изнесува 183.570,00 денари (6 x 30.595,00).
Print Friendly
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.